X
 03.11.2016 Технологија

Корисни опции на Фејсбук кои не ги користите

Социјалните мрежи ве поврзуваат со семејството и пријателите, а нив им овозможува да видат како го поминувате времето на работа, на одмор, кои се вашите ставови и кои се вашите интереси.

 

фб


Исто така, Фејсбук ви овозможува бројни опции кои можат да ви помогнат или да ви го олеснат секојдневниот живот како што е пребарувањето, следењето вести и случувања, но и можност за контрола на сопствената приватност (колку и да звучи иронично).

Ова се некои од опциите кои можеби не сте знаеле дека ги нуди Фејсбуки.

Читање на „скриените“ пораки

Постојат две сандачиња. Едното е она во кое редовно ги добивате пораките, а другото е сандачето наречено „Message Requests“ кадешто се наоѓаат сите оние спамови и пораки од луѓе кои не се на вашата листа на пријатели.

Проверете каде сте се логирале

Опцијата можете да ја пронајдете во „Settings“, потоа „Security“, и на крај „Where you're logged in“. Тука можете да проверите дали некој друг се логирал на вашиот профил.

Осигурајте се дека не ве хакирале

Под опцијата „Security Settings“ можете дополнително да ја зголемите сигурноста, односно да барате „Login Approvals“. Тоа значи дека ако се логирате вие или некој друг од непознат уред, Фејсбук ќе ви побара дополнителна лозинка која ќе ја добиете на мобилниот телефон.

Изберете личност на која ѝ верувате, а која ќе може да ја преземе одговорноста за вашиот профил

Можноста се наоѓа во „Security“ односно „Trusted Contacts“. Оваа личност може да додава и прифаќа пријатели на вашиот профил како и да одговара на пораки.

Носталгија


На профилот на вашите пријатели, покрај опцијата за испраќање пораки, имате и опција „See friendship“ која ќе ви ја покаже вашата Фејсбук историја со оваа личност.

Што се' сте правеле на Фејсбук


На вашиот профил можете да ја пронајдете опцијата „Activity log“ која ви покажува се' што сте правеле на Фејсбук - лајкови, коментари...

Како ве гледаат другите?


На вашиот профил (десниот долен агол на насловната фотографија) имате три точки со опции, а една од нив е „view as...“ која ви покажува како другите луѓе го гледаат вашиот профил.

Зборувајте со камера

Во разговорите имате икона со камера (горниот десен агол) која ви овозможува да разговарате со личноста со која зборувате.

Изберете постови кои секогаш сакате да ги гледате

На страната или на профилот на некои личности можете да ја изберете „See first“ опцијата па нивната објава секогаш ќе ви излегува на Newsfeed.

Зачувајте ги линковите за подоцна

Сте забележале интересен текст/страна/личност, меѓутоа немате време да ја погледнете? Затоа ви е понудена опцијата „Save link“ со која можете да го зачувате линкот, а кој можете да го пронајдете во табелата од лева страна под опцијата „Saved“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија