X
 03.11.2016 Живот

Работи за Доналд Трамп што не сте ги знаеле

трамп и ајс бакет предизвик


Еве 10 интересни факти за кандидатот на републиканците што веројатно не сте ги знаеле:

Посетувал воено училиште

Родителите на Трамп сметале дека тој има „проблеми со однесувањето“ и го испратиле на Воената академија во Њујорк на 13 години, потоа продолжил на Фордам Универзитетот и конечно потоа студирај економија на Универзитетот во Пенсилванија каде што и дипломирал.

Бил сопственик на професионален фудбалски тим

Трамп во 1983 година го купил тимот New Jersey Generals од фудбалската лига на САД, но неговите обиди да го спои со националната фудбалска лига биле безуспешни.

Трамп има фобија од ракување

Тој се плаши дека со ракувањата е изложен на микроби и бактерии и за ракувањето има изјавено дека е „едно од проклетствата на американското општество“, според Вашингтон Пост.

Републиканскиот кандидат има добиено награда за глума

Господинот Трамп добил Razzie Award за најлош актер за поддршка во „Духовите не го можат тоа“, а се глумел себе си во овој филм од 1989 година.

Никогаш не користел автомат за пари

Во едно американско шоу изјавил дека никогаш не користел автомат за пари.

Трамп не пие алкохол

Неговиот брат Фред кој бил алкохоличар со години, го предупредил Трамп да го одбегнува пиењето. Фред умрел од зависноста. Претседателскиот кандидат никогаш не пушел цигари, а немал ниту проблеми со дрога.

За малку ќе си ја избричел главата

Во 2007 добил на облог за кој губитникот требало да си ја избричи главата. Бидејќи тој бил победник во случајот, му помогнал на губитникот во бричењето на косата на главата.

Трамп има негова игра на табла

Во 1989 година Трамп се обидел да се прослави и со игра слична на монополот, но обидите биле речиси на успешни и потрошувачката била многу мала.



Тој има ѕвезда на Холивудската патека на славните

Во 2007 Трамп станува 2327та личност со своја ѕвезда на Патеката за улогата во шоуто The Apprentice.

Трамп го предизвика Обама на Ice Bucket предизвикот

Кој би рекол дека еден кандидат за претседател бил дел од Ice Bucket предизвикот пред 2 години? Погледнете го видеото:

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот