X
 09.11.2016 Технологија

Што најмногу гуглаа Американците ноќта пред изборите?

По возбудливата политичка кампања на кандидатите од изборната трка, Доналд Трамп стана 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави. Тензија и возбуда во јавноста имаше од почеток до крај, па и до ноќта пред изборите.

хилари клинтон и балони

Гласачите често знаат да бидат збунети и неодлучни до последен момент за кого да го дадат гласот, а и овие избори не се исклучок. CNN објави листа на најчести поими што се пребарувани од Американците на само неколку часа пред изборите, а еве и дел од најинтересните:

Плагијат

Овој термин јавноста го забележа во шпекулациите дека Меланиа Трамп, сопругата на Доналд Трамп го плагирала говорот на сопругата на Барак Обама.

Олигархија (и социјализам)

Овој поим Американцете го знаат од „времето“ на Берни Сандерс, т.е. кога Сандерс ги освојувал симпатиите и добрите резултати во анкетите, додека сам се борел да стане иден претседател.

Locker-room-talk

Терминот означува разговор на мажи во „соблекувална“ за кој се претпоставува дека е непристоен и е за жени, односно за „успесите“ на младите момчиња кај жените. Доналд Трамп го популаризира во скандалот во кој во медиумите се појави снимка на која тој се фали дека злоставувал жена.

Гаден/гадна (eng.nasty)

Во некои говори пред крајот на кампањата Доналд Трамп овој термин го употреби за Хилари Клинтон. Ова направи врева во САД, па и некои ѕвезди носеа мајца со зборот во натпис, за да ја поддржат Хилари.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија