X
 03.12.2016 Технологија

Нокиа се враќа!

Финската телекомуникациска компанија Nokia, некогашен светски лидер во производство на мобилни телефони, од првата половина на 2017 година повторно ќе се врати на пазарот на паметни телефони, соопштија од компанијата.



Nokia, која сега е лидер во производството на телекомуникациска опрема, потврди дека компанијата CMS Global, сопственик на брендот телефони Nokia, следната година ќе го лансира првиот Nokia Smart телефон, пренесува агенцијата Франс Прес.

Од Nokia најавиja дека CMS доби „зелено светло“ за производство на паметни телефони, по завршувањето на сите потребни трансакции со тајвански партнер FIH Mobile  и Американскиот Microsoft, кој во 2014 година го купи од Nokia непрофитабилниот бизнис со телефони.

Таканаречениот „излет“ на Microsoft во производството на телефони во 2014 - та година ја чинеше компанијата 7.2 милијадри долари, но сето тоа траеше кратко, затоа што веќе во мај оваа година, компанијата одлучи работењето со Nokia телефоните да го продаде на  HMD Global и FIH Mobile за 350 милиони долари.
Microsoft исто така одлучи да го прекине производствтото на паметни телефони во Финска, отпуштајќи 1.350 работници.
Подготвил: Маја Пероска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија