X
 16.04.2019 Образование

„Од настава до кариера: практичната работа и образованието“ утре на ИНОФЕИТ

Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија и Бордот на европски студенти по технологија - БЕСТ организираат панел-дискусија на тема „Од настава до кариера: практичната работа и образованието“.

Дискусијата ќе се одржи утре во 14 часот во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Во дискусијата ќе се вклучат професорите Христина Спасевска од Инженерската институција на Македонија, Владимир Атанасовски и Јована Јовановска од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Анета Петровска-Русомароски од ЕВН Македонија, Андон Драгомалиев од MCA, Николина Шутиновска од „Соларпро холдинг“, Клуб на млади инженери и Џемаил Шабани, од БЕСТ Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование