X
 16.05.2020 Економија

Градови со најмногу богати жители во светот

Њујорк е дом на најмногу богаташи во светот. Таму живеат 120.645 жители што вредат најмалку 5 милиони долари. Ова го покажуваат податоците од последниот извештај на „Велт-Екс“.

Њујорк предничи на листата во однос на другите градови. Во Токио, кој е втор на листата со градови со најбогати жители, живеат 81.645 лица чие богатство се проценува на најмалку 5 милиони долари. Овие два града биле блиску на почетокот на милениумот, но од 2012 разликата помеѓу нив се зголемува, се вели во извештајот кој прави анализа на промената на глобалното богатство во последните десет години.


Фото: Њујорк/Pixabay

Според извештајот, резултатите делумно се должат на силното закрепнување на САД од глобалната финансиска гриза. Во меѓувреме, збогатувањето во Јапонија е под влијание на бавниот економски раст, девизниот курс и сè постарото население. На листата со градови со најмногу богати жители има шест што се наоѓаат во САД.


Фото: Токио/Pixabay

Ова се најпопуларните десет града за богатите во 2019:

10. Далас, САД (36.515 жители со најмалку 5 милиони долари)
9. Вашингтон, САД (37.495 жители со најмалку 5 милиони долари)
8. Сан Франциско (39.390 жители со најмалку 5 милиони долари)
7. Чикаго, САД (44.795 жители со најмалку 5 милиони долари)
6. Париз, Франција (49.005 жители со најмалку 5 милиони долари)
5. Лондон, Велика Британија (50.305 жители со најмалку 5 милиони долари)
4. Лос Анџелес, САД (71.035 жители со најмалку 5 милиони долари)
3. Хонгконг (73.430 жители со најмалку 5 милиони долари)
2. Токио (81.645 жители со најмалку 5 милиони долари)
1. Њујорк (120.605 жители со најмалку 5 милиони долари)

Автор: Кетлин Елкинс
Извор: cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија