X
 02.11.2016 Култура

Како градовите ги добиле нивните имиња?

Првото нешто што е потребно кога се гради нов град е да му се даде име. Секој избор е добар, иако се чини дека некои градови имаат поуспешна иднина од другите.

На пример главниот град на Чеченија, се нарекува Грозни, што во превод од руски јазик значи „страшен". Корените се наназад од името на колонијалната тврдина која царот ја основал во Чеченија, во почетокот на 19 век, а денес има популација од 271.000 луѓе. Тоа е име што секако ја одразува мачната историја на Грозни: од масовните геноцидни депортации на Сталин и убиствената војна на Путин да ја принуди да се врати назад во орбитата на Русија. Но, тоа не е вид на идентитет, кој привлекува нови граѓани или инвеститори.


Тел Авив


Тел Авив, бил основан во 1909 година од страна на неколку бегалци раселени од страна на Европските погроми. Тие се собрале на плажата надвор од Јафа, правеле нацрти како да ги градат своите домови, а на земјиштето му дале хебрејско име.

Сиромашните квартови се различни. Најчесто тие немаат имиња, дури и ако тие биле стекнати со случаен избор на промискуитет, но тоа не води кон инвестиции или постојаност. Недостиготот на инфраструктура е големо ограничување.

Едно име што оди во прилог на град на овој начин е Complexo do Alemao, насилно предградие во Рио де Жанеиро, што почнало да расте побрзо и побрзо од 1950 година па до ден денес. Во ова преградие градбите се од бриз блокови и брановидни азбесни цемент ќерамиди, а некогаш било во сопственост на имигранти, диви станари. Alemao е погрден термин за странец со светла боја на кожата.

Уште едно случајно стекнато име е името на Совето, мрачен град на работ на Јоханесбург кој расте, подеднакво мрачно. Совето е производ од обидот на исчезнатиот режим Апартхејдот, кој ги принудувал црнците да заминат од централните области на градот, кои биле определени за белците.


Милтон Кејнс


Името на градот понекогаш го одразува чинот на волја на поединецот кој го создал. Така Александрија бил град именуван по Александар Велкики, Петар Велики го дал името Санкт Петербург, по иметo на неговиот патрон светец. Џорџ Вашингтон ја избрал локацијата на главниот град на САД, но не и името. Тоа дојде како признание од страна на членовите на комесарите задолжени за изградба на главниот град на САД од страна на Конгресот.

Жуселино Кубичек го изненади својот електорат, а можеби дури и самиот себе, носејќи ги одредбите на бразилскиот устав и одлуката за изградба на нов главен град во неговиот петгодишен мандат на функцијата претседател. Така тој го избрал името на неговата земја: Бразилија.

Во 1967 година, британската влада одлучи да изгради нов град со околу 250.000 луѓе, кој се планирал да се изгради на половина пат меѓу Лондон и Бирмингем, Милтон Кејнс. Милтон Кејнс беше името на селото Бакингемшир, што беше територијата што требаше да ја зафати новиот град. Селото веќе не постои, но нејзиното име живее. Античките улици и куќите од тула се уште опстојуваат во Милтон Кејнс, заробени меѓу бетонските тераси, бизнис паркови и сообраќајните подвозници.

Градови со оспорени идентитети доаѓаат со повеќе имиња. За да се користи повеќе едно име, на пример Дери наместо Лондондери, е да се покаже одредено толкување на историјата на градот. Кога имињата на градовите се менуваат од политички причини, резултатите може да бидат непредвидливи.

Жителите на Мумбаи, чиј мајчин јазик е англискиот, почесто го користат старото име на Бомбај од нивните британски колеги. Корените на Мумбаи се од последователните бранови на Европската колонизација на Индија. Португалија го предаде кластерот на острови и рибарски села што го сочинуваше Бомбај на Британците во 17 век. Градот прерасна во пристанишен град, со мелници, железнички центар, финансиски центар и е центар за индиската филмска индустрија.


Истанбул


Некои градови ги пишуваат нивните истории, со повеќе идентитети, фрлајќи светлина врз различните политички и културни агенди на нивните лидери. Истанбул, во минатото бил познат како Константинопол, а пред тоа Византија и бил главен град на три различни империи. Тој е обликуван од сочуваните фрагменти од грчките, римските, византиските и отоманските цивилизации кои го изградија. Иако основачот на модерна Турција, Кемал Ататурк бил роден на територија на денешна Грција, тој го избрал како главен град Анкара на Европска Турција, наместо Истанбул, град што бил создаден од речиси ништо. Тој инсистирал на името Истанбул, иако за поголемиот дел од остатокот на светот продолжил да се нарекува Константинопол.

Во словенските јазици е познат како Цариград, име кое се уште се користи во Бугарија. Исланд исто така има свој назив за Истанбул, кој се навраќа на времето на 11 век, кога тие едноставно го нарекувале „Големиот град". Уште од 1930 година, турската пошта одбила да испорача пошта што била адресирано на било која друга верзија на името на градот Истанбул.

Оваа статија  е извадок од книгата „The Language of Cities“.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура