„Нетфликс“ продолжува да ја проширува својата понуда на научно-фантастични филмови, а најновото остварување „Последната куќа“ (англ. The Last House) носи комбинација од трилер, хорор и мистерија што ветува неизвесност до самиот крај.
Стриминг-платформата зад хитови како „Почудни нешта“, „Проектот Адам“, „Што се случи со Мандеј“, го објави првиот трејлер за „Последната куќа“.
Во главните улоги се појавуваат Грета Ли како Ен и Вагнер Моура како Џејсон. Приказната следи семејство кое одеднаш останува заробено во својот дом без можност да избега. Непозната закана ги држи затворени, а тие мора да откријат што се случува и како да преживеат.
Режисерот Луј Летерие, познат по серијата „Лупин“, вели дека во центарот на приказната е борбата за опстанок.
Грета Ли откри дека веднаш ја привлекла сценариото.
- Додека растев, најмногу сакав да гледам и читам приказни за преживување со неочекуван пресврт. Веднаш ме привлече оваа приказна. Ми се допаѓаат прашањата што филмот ги поставува за нашиот свет и за начинот на кој избираме да живееме во него - рече актерката.
Улогите на децата ги толкуваат Рајли Чунг и Ноа Александер Сосновски, додека Ема Хо и Габриел Барбоса ги играат повозрасните верзии на Рут и Греам како што се развива дејството.
Вагнер Моура смета дека гледачите лесно ќе се препознаат во приказната.
- Секој е нечие дете, родител, син или ќерка. Сите имаме семејства, среќни или дисфункционални. Тоа оди подалеку од културните разлики. Во сите нас постои инстинкт за заштита, љубов, хумор, но и конфликт - изјави тој.
Летерие откри дека голема инспирација за филмот бил легендарниот режисер Стивен Спилберг.
- Пораснав со филмовите на Стивен Спилберг. Неговите филмови имаа посебна атмосфера и реалистичност бидејќи куќите се снимаа на вистински локации. Токму тоа чувство сакавме да го постигнеме - изјави режисерот.
За љубителите на мистериозни приказни за преживување и научна фантастика, „Последната куќа“ би можел да биде едно од најинтересните летни изданија на „Нетфликс“.
Филмот ќе биде достапен на „Нетфликс“ од 7 август.
Извор:
Screenrant.com
Фото: Screenshot/YouTube