X
 16.08.2019 Наука

Јупитер можеби апсорбирал помала планета

Јадрото на Јупитер е чудна мешавина од цврсти карпи измешани со распространети меури водороден гас. И долго време немаше објаснување како настанало сето тоа.

Но, сега научниците мислат дека имаат нешто, сугерирајќи дека гасовитиот џин апсорбирал друга протопланета при директен судир пред околу 4,5 милијарди години, кога се формирал нашиот Сончев Систем. Бруталната хипотеза може конечно да објасни зошто јадрото на планетата е толку распарчено и фрагментирано и да фрли светлина врз најраните денови на Сончевиот Систем.

Астрономи од Јапонија, Кина, Швајцарија и од САД користеле податоци од вселенската сонда „Јуно“ на НАСА за да ги истражат структурата и композицијата на Јупитер, стои во истражувањето објавено во списанието „Нејчр“.

Тие тестирале други можни објаснувања за тоа како внатрешното јадро на Јупитер станало толку распрскано, како постепена ерозија предизвикана од брзи ветришта или можноста јадрото да содржело гас уште од почетокот. Но, античкото влијание, како што утврдија научниците, не е само уверливо објаснување, туку можеби е и она што најдобро се совпаѓа со податоците добиени од набљудување.

Ако се во право, ова значи дека нашиот Сончев Систем бил насилно место во кое големи протопланети можеле да се судираат, па дури и да се соединуваат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука