X
 11.04.2017 Наука

Најдеталната фотографија на Јупитер од НАСА

Јупитер прикажан со до сега невидени детали, во фотографија на НАСА.


Фотографијата е направена со „Hubble Space Telescope“, од позиција директно спротивна на Сонцето и Земјата. Во периодот кога била направена фотографијата, сите три биле израмнети, а Земјата била помеѓу Сонцето и Јупитер.

Јупитер е најголемата планета во Сончевиот систем со маса за два и пол пати поголема од сите други планети заедно. Нејзината атмосфера поделена на бројни различни, шарени ленти. Близината на планетата им дозволи на тимот од НАСА да опфатат бројни детали од атмосферата на Јупитер. На фотографијата се гледа познатата зона на висок притисок наречена „Great Red Spot“, која е поголема од Земјата, но бавно се намалува и добива кружна форма, но не се знае зошто.

„Hubble Space Telescope“ бил лансиран во Земјината орбита  во 1990-те и од својата позиција успеал да ги сними најдеталните фотографии од вселената.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука