X
 16.08.2022 Живот

Смеењето од срце може да ни помогне да научиме повеќе за себе и за другите

Шегите често ни се посмешни ако ги кажува некој што го познаваме, на пример, пријател или познат комичар. Исто така, истражување покажа дека не нѐ смеат шегите, туку драгите луѓе кои на одреден начин го пренесуваат тоа.

Смеата е лек, велат луѓето. Но, тоа е и еден од начините да откриете дали некој е среќен и се забавува. Неодамнешните научни откритија докажаа дека смеењето може да ни помогне да научиме повеќе за другите, но и за себе. Ова го докажаа психолози и истражувачи кои веќе некое време ја проучуваат смеата.

1. Препознавање спонтано и вештачко смеење

Постојат типа типа на смеа. Првиот е спонтано смеење и се карактеризира со неконтролирана реакција на нешто што нè тера да се смееме - како урнебесна шега. Произведува карактеристичен звук кој тешко се лажира. Од друга страна, вештачко или лажно смеење се произведува со намерен звук и е вид смеење кога сакате учтиво да одговорите на лоша шега.

Истражувањата покажаа дека вештачкото смеење е лесно да се препознае бидејќи лицето што го произведува го прави тоа намерно и многу лесно може да го контролира.

2. Почесто се смеете со личност што ја познавате

Ако имате одреден пријател или омилен комичар кој секогаш ве засмејува, тоа би можело да биде затоа што често ни се посмешни шегите ако ги каже некој што го познаваме, на пример, пријател или познат комичар.

smea
Фото: Freepik

3. Најмногу се смееме кога сме со пријателите

Според Роберт Провин, психолог од Универзитетот во Мериленд, 30 пати поголема е веројатноста да се смееме на нешто кога учествуваме во разговор со други луѓе. Студијата, исто така, покажа дека не нѐ смеат шегите, туку пријателите и драгите луѓе кои тоа го пренесуваат на одреден начин. Преку смеата им покажуваме љубов и разбирање.

4. Врските траат подолго ако се смеете заедно


За време на студијата спроведена од психологот Боб Левенсон од „Беркли“, тој побара од паровите да разговараат за чувствителни работи, како што е она што ги нервира кај нивниот партнер. Една студија покажа дека кога паровите се насмевнуваат за време на разговор, тие се чувствуваат подобро веднаш откако разговарале за чувствителна тема. Пријавиле и дека биле позадоволни од нивната врска кога почесто се смешкале.

Извор: Bright Side
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот