X
 16.08.2025 Култура

Слушнете ја бесплатната аудиокнига „Моби Дик“ со гласови на Бенедикт Камбербач, Тилда Свинтон и сер Дејвид Атенборо

„Моби Дик“ е омилен класик со добра причина, но тоа не значи дека е лесен за читање. Понекогаш најдобро е книгата да се слуша. За среќа, Универзитетот во Плимут ја создаде „Големо читање на Моби Дик“, аудиокнига која е бесплатна и достапна за секого. Можете да го слушнете целото дело од 135 поглавја плус епилог, секое прочитано од различни личности, меѓу кои и Бенедикт Камбербач, Тилда Свинтон и сер Дејвид Атенборо.

Оваа идеја е на Ангела Кокејн и Филип Хоар, а беше инспирирана од нивната заедничка опсесија со „Моби Дик“ и со темата за китот, поради што повикаа уметници, писатели, музичари, научници и академици да се вклучат во проектот. На веб-страницата има и уникатна корица за секое поглавје, создадена од различен уметник. Уметничките дела користат разни медиуми - од масло на платно, преку фотографија, до видеа и дигитални медиуми.

Оваа лесно достапна аудиокнига е совршена за оние што немаат време да седнат и да читаат обемна и тешка книга. Можете да ја слушате додека возите, се релаксирате или творите. Ќе ги почувствувате нијансите и емоциите на Мелвил, кои често се пропуштаат кога се чита од книга.

Оваа аудиокнига лесно може да се најде и преслуша преку прелистувач, „Саундклауд“, „Епл поткастс“ и „Спотифај“.

ТУКА можете да ја слушнете.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура