X
 16.10.2019 Наука

Млечниот Пат постојано краде помали галаксии

Орбитирањето е нормално нешто во нашиот универзум. Земјата орбитира околу Сонцето, Месечината орбитира околу Земјата и повеќе од 50 галаксии орбитираат околу Млечниот Пат, а најголемата од нив е Големиот Магеланов Облак (ГМО).

Ново истражување посочува дека најмалку шест од галаксиите што сега орбитираат околу Млечниот Пат всушност порано орбитирале околу ГМО директно - додека нашата галаксија не ги украла.

Истражувачки тим предводен од астрономи на Универзитетот во Риверсајд, Калифорнија, има ново откритие до кое се дошло со користење податоци собрани од вселенскиот телескоп „Гаија“.

Со споредување на податоците од телескопот за движењето на блиските галаксии со моќни симулации за галактичкото формирање, истражувачите идентификувале 4 ултраослабени џуџести галаксии и две класични џуџести галаксии за кои веруваат дека некогаш орбитирале околу ГМО, но на крајот биле украдени од гравитациското поле на Млечниот Пат.

Според истражувачите, оваа информација ни овозможува подобро разбирање на историјата на нашата галаксија, но и генерално за галактичкото формирање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука