X
 22.07.2020 Наука

Направена е најголемата 3Д-мапа од универзумот досега

Астрофизичари ја објавија досега најголемата 3Д-мапа од универзумот. Мапата била направена користејќи податоци од анализа на над четири милиони галаксии.

Стотици научници од околу 30 институции низ светот работеле на мапата. Проектот започнал пред повеќе од две децении, во кои научниците ги направиле најточните мерења во историјата. За мапата биле искористени податоци од оптички телескоп во Ново Мексико во период од шест години.

Во анализата биле искористени модели за набљудување на космичките настани во минатото, а во разбирањето на ширењето на универзумот помогнале и истражувања за галаксиите и мерења за оддалеченоста помеѓу вселенските тела. Научниците успеале и да пополнат празнина од 11 милијарди години, а на мапата може да се види структурата на универзумот од неговите почетоци, кога бил стар околу 380.000 години.


Фото: SDSS

За да го претстават делот од универзумот стар шест милијарди години, научниците ги набљудувале најстарите и најцрвени галаксии, а за подалечните епохи се концентрирале на најмладите галаксии - сините.

На мапата се гледа дека ширењето на универзумот почнало да се забрзува во одреден момент и оттогаш продолжило да се забрзува. Научниците претпоставуваат дека ова може да биде последица на темната енергија, што претставува невидлив елемент кој одговара на генералната теорија за релативност на Алберт Ајнштајн, но чие потекло сè уште не е јасно. Астрофизичарите со години знаат дека универзумот се шири, но не успеале да ја измерат брзината на ширењето со голема прецизност.


Извор: scmp.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука