X
 16.12.2019 Живот

Зен-мудрости за мир на душата: Колибата полна со смеа е побогата од палатата полна со тага

Зен-будизмот не ја бара смислата на животот - наместо тоа, ни помага да ги совладаме животните тешкотии. Нè учи да бидеме трпеливи, да обрнуваме внимание на она што се случува во секој момент и да се насочиме на овде и сега.

Ова се 25 дела од будистичките мудрости. Тие можат да ви покажат различен поглед на животот и можат да ви дадат одговор на многу важни прашања со кои ќе се соочите некогаш.

1. Искушението да се откажете е најсилно токму пред да победите.

2. Целта во животот е да умрете млади, но што е можно подоцна.

3. Не зборувај ако тоа не го подобрува молчењето.

4. Патувањето од илјадници километри почнува со првиот чекор.

5. Силниот човек ја совладува препреката, мудриот човек го поминува цел пат.

6. Не плашете се да одите полека. Плашете се од застанување.

7. Дури и среќата на будалите е глупав вид среќа.

8. Дури и ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека сте го избрале погрешниот пат.

9. Колибата полна со смеа е побогата од палатата полна со тага.

зен

10. Секогаш гледајте ја посветлата страна на работите. Ако не можете да го прифатите тоа, исполирајте го она што го изгубило сјајот, додека не почне да сјае.

11. Што и да се случува, секогаш се случува во вистинско време.

12. Некој што ги истакнува вашите недостатоци не е нужно ваш непријател. Некој што зборува за вашите доблести не е нужно ваш пријател.

13. Не плашете се од она што не го знаете. Плашете се дека нема да го научите.

14. Добриот наставник ви ја отвора вратата, но сами мора да влезете во просторијата.

15. Живејте мирно. Ќе дојде време кога цветовите сами ќе процветаат.

16. Ветерот завива, но планините остануваат.

17. Не постои пријател што нема маана. Но, ако почнете да ги барате сите негови маани, ќе останете без пријатели.

18. Несреќата влегува низ вратата што останала отворена.

19. Никој не се враќа од долго патување како иста личност, каква што била претходно.

20. Личноста која поцрвенува не може да има црно срце.

21. Подобро е да се биде вистински човек еден ден отколку да се биде нечија сенка 1.000 дена.

22. Вашиот дом е место каде што вашите мисли наоѓаат мир.

23. Човекот кој поместува планини е тој што почнал да носи најмали камења.

24. Ако сте погрешиле, најдобро е само да се насмеете.

25. Најдобриот момент да се засади дрво беше пред 20 години. Вториот најдобар момент е сега.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот