X
 16.01.2017 Економија

ЕУ со интересен предлог: Сите граѓани да имаат универзални основни приходи

Европратениците ги предупредија европските земји дека мораат сериозно да размислат за воведување на општ основен приход. На овој начин тие ќе се подготват за големиот бран на невработеност кој може да дојде како резултат на преземање на работните места од страна на роботите.

 

робот


Нацрт-извештајот, поднесен од социјалистичката европратеничка Мејди Делво-Стерес, предупредува дека треба да се направат подготовки за она што се опишува како „технолошка револуција“ кое моментално се случува, вклучувајќи и одредби за „можните ефекти врз пазарот на трудот за роботика“.

Извештајот, усвоен со 17 гласови за, и 2 гласови против, ќе биде предложен пред целиот Европски парламент во февруари, а ќе ги повика сите земји-членки да го земат во предвид предлогот за основен приход како подготовка за периодот кога роботите ќе ги преземат работните места на луѓето.

„Со оглед на можните ефекти врз пазарот на трудот за роботика и вештачка интелигенција, треба сериозно да се земе во предвид општ основен приход, со што се повикуваат земјите-членки да го направат тоа“, вели извештајот.

Извештајот исто така, укажува на тоа дека треба да се воспостави систем за тоа како роботиката влијае врз економските резултати на компаниите за целите на оданочување и придонесите за социјално осигурување.

Во едно интервју, г-ѓа Делво-Стерес вели дека предлогот е важен затоа што ако невработеноста порасне, луѓето сепак ќе можат да имаат пристоен живот.

Извештајот доаѓа во време кога идејата за универзални приходи започна да зема сѐ поголем замав.

Претходно овој месец, Финска стана првата земја во Европа која ќе ги плаќа своите невработени граѓани со основен месечен приход во износ од 560 евра, како дел од радикалниот двегодишен проект во насока на намалување на сиромаштијата и невработеноста, а во исто време намалувајќи го националното трошење и бирократија.

Слична шема ќе биде спроведена од два шкотски совети оваа година, а во декември една канадска провинција едногласно гласаше во корист на тест период за универзален основен приход за своите граѓани во соработка со централната власт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија