X
 24.01.2017 Живот

Искрените писма на претседателите до нивните наследници

Во Америка, на денот на инаугурацијата, традиција е претседателот во заминување да остави писмо до неговиот наследник. Во продолжение ви ги пренесуваме во целост искрените писма напишани од некои американски претседатели во заминување до нивните наследници.

Писмо од претседателот Џорџ Херберт Вокер Буш до претседателот Бил Клинтон:

 

1


„20 јануари, 1993 година

Драг Бил,

Кога сега влегов во оваа канцеларија, го имав истото чувство на љубопитност и почит кое го почувствував пред четири години. Знам дека и Вие го почувствувате истото.

Ви посакувам голема среќа. Никогаш не ја почувствував осаменоста која ја опишале многу претседатели.

Доаѓаат тешки времиња, кои ќе бидат уште повеќе отежнати од критиките за кој ќе мислите дека не е фер. Не сум многу добар во давање совети; само немојте да дозволите да Ве обесхрабрат критиките или да Ве пренасочи од патеката.

Ќе бидете наш претседател кога ќе го добиете ова писмо. Ви посакувам најдобро и Вас и на Вашето семејство.

Вашиот успех сега е успехот на целата земја. Навивам за Вас.

Со среќа - Џорџ“

Писмо од претседателот Бил Клинтон до претседателот Џорџ Вокер Буш:

 

2


„20 јануари 2001 година,

Драг Џорџ,

Денес го запoчнувате најголемиот подвиг, најголемата чест до која може да дојде еден американски државјанин.

Како мене, и Ви имавте среќа да ја водите нашата земја во време на длабоки и воглавно позитивни промени, кога старите прашања, не само за улогата на владата, туку и за самата природа на нашиот народ, мораат повторно да бидат одговорени.

Водите горди, пристојни, добри луѓе. И од овој ден Вие сте претседател на сите нас. Ве поздравувам и Ви посакувам успех и многу среќа.

Товарот на Вашите рамена е голем и често претеран. Чистата радост да го правите она за кое верувате дека е правилно, не може да се искаже.

Моите молитви се со Вас и Вашето семејство. Многу среќа.

Со почит,
-Бил“.

Писмо од претседателот Џорџ Вокер Буш до претседателот Обама:

 

3


„20 јануари, 2009 година

Драг Барак,

Ви честитам што станавте наш претседател. Само што започнавте фантастично поглавје од Вашиот живот.

Мал број луѓе ја имале честа да ја почувствуваат одговорноста која ја чувствувате сега Вие. Мал број луѓе ја знаат возбудата од моментот и предизвиците со кои ќе се соочите.

Ќе има моменти на искушение. Критиките ќе беснеат. Вашите „пријатели“ ќе ве разочараат. Но, ќе го имате семоќниот Бог да Ве утеши, семејството кое Ве сака и земјата која навива за Вас, вклучувајќи ме и мене. Без разлика на тоа што доаѓа, ќе бидете инспирирани од ликот и сочувството на луѓето кои сега ги водите.

Бог да Ве благослови.

Искрено,

-ЏВ“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот