X
 25.01.2017 Наука

Планетета „Волф 1061ц“ погодна за живот?!


Небесно тело во вселената

Угледниот астроном, Стивен Кејн, од универзитетот во Сан Франциско, во најновото издание на списанието „Astrophysical Journal“ ги објави резултатите од истражувањето на соларниот систем околу ѕвездата „Волф 1061“.

Кејн, еден од водечките „ловци на планети“, своето внимание го насочи кон ѕвезда оддалечена 14 светлосни години од Земјата, околу која кружат три планети. Неговото истражување покажа дека една од нив се наоѓа во зона погодна за живот.

„Планетарниот систем околу ѕвездата ‘Волф 1061’ е важен затоа што се наоѓа во близина и нуди можност во иднина да утврдиме дали таму постои живот“, истакнува тој.

Една од трите планети наречена „Волф 1061ц“ во целост се наоѓа во зона што е погодна за живот. Се работи за „супер Земја“ чиј дијаметар е за 64 проценти поголем од нашата планета.

„Кога бараме планети на кои би можело да има живот, еден од првите услови кои се бараат е да се наоѓаат во зона погодна за живот. Тоа значи дека мораат да бидат слични на Земјата. Мораат да се сенчести и да се наоѓаат на оптимално растојание од својата ѕвезда. Ако се преблиску, настанувањето и одржувањето на живот ќе биде невозможно заради високите температури, како на пример, на Венера каде веројатно некогаш имало мориња и океани кои испариле. Ако е предалеку, ќе биде пемногу студено и водата ќе замрзне, како на Марс“, вели Кејн.

Сепак, научникот не е оптимист по прашањето за живот на планетата „Волф 1061ц“.

„Планетата најверојатно е слична со Венера, а лоша вест е што забележавме дека климатските промени таму се многу чести и бурни. Тоа значи дека најверојатно на планетата владее вистински хаос и дека таа многу брзо се загрева и се разладува. Но, ќе ни требаат дополнителни информации за да го потврдиме тоа, а во пронаоѓањето на одговорот ќе го користиме вселенскиот телескоп ‘Џејмс Веб’“, додава Кејн.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука