X
 26.01.2017 Образование

Студентскиот парламент останува невладина организација, Студенскиот пленум незадоволен


   
Студентскиот пленум е незадоволен од предлогот за нов модел на студентско организирање со кое се предвидува Студенсткиот парламент да остане невладина организација , но со засилени контролни механизими. Пленумци објавија дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" под превезот на ,,компромисно решение'' се обидува да протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ.

- Ова е спротивно од волјата на студентите, искажана на референдумот на 5 октомври. Не се проблем само изборите на СПУКМ, туку нивната целокупна работа и функционалност! Тоа што Вие сакате да си обезбедите присуство на студенти во управувачките тела само за да се осигурате дека нема да ви поништуваат одлуки, не значи дека со тоа ќе се реши проблемот. Престанете да се изземате од ситуацијата и конечно застанете на страната на студентите.

За крај, бидејќи дел од академската заедница има проблем со дефинирање на зборот ,,компромис'', сакаме да им укажеме дека овој збор опишува ситуација во која две спротиставени страни ќе дојдат до заедничко решение, а не ситуација во која едната страна сама ќе си напише и изгласа предлог - напишаа Пленумци на својата Фејсбук страница.

Инаку, после последните скандалозни студентски избори на УКИМ се преговараше за нов модел на студентско организирање кој ќе одговара и на двете студентски организации, Студентскиот пленум и Студенсткиот парламент. Донесено е решение, СПУКМ да остане невладина организација, но со засилени контролни механизми. Ова го одлучија членовите на специјално формираната комисија кое помина на ректорската управа со што се усвои предлог одлуката за менување на статутот во делот на студентското управување.

Од УКИМ сметаат дека универзитетот вака нема да се меша во автономијата на студентското движење, но исто така нема да дозволат неодговорно однесување на Студентскиот Парламент. Оваа одлука ќе оди и на јавна расправа на сите факултети и институти.

Подготвил: М.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование