X
 05.02.2017 Технологија

„Facebook“ ја претстави новата функција

„Facebook“ ја претстави новата функција „Discover“ направена за на своите корисници да им ги претстави луѓето кои никогаш претходно не ги запознале.

фб

Се` што треба да направите е да кликнете на иконата „More“ во долниот десен агол и да ја изберете опцијата „Discover people“.

Кога ќе кликнете, ќе можете да видите листа на луѓе кои одат на исти случувања како и вие. Исто така, ќе можете да пронајдете луѓе кои живеат во истиот град како и вие или пак работат на истото работно место.

Од компанијата велат дека со оваа опција се надеваат дека ќе им олеснат на луѓето побрзо да се спријателат.

„На луѓето често им е тешко да дознаат нешто за оние кои ги опкружуваат, без разлика дали станува збор за нова работа, одење на некое случување или преселба во друг град“, изјави портпаролот на „Facebook“.

„За да им олесниме, започнавме да ја развиваме оваа опција која на луѓето им овозможува да дознаат повеќе за оние со кои делат некои интереси“, додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија