X
 27.11.2017 Технологија

Скриени функции на „Гугл“ за кои не сте знаеле

Кога станува збор за интернетот, „Гугл“ е крал!

Според „Интернет лајв стетс“, постојат над 3,5 милијарди пребарувања дневно на овој веб-пребарувач.

Меѓутоа, „Гугл“ не е служи само за пребарувања - постојат многу други скриени функции и можности за кои можеби не сте слушнале.

1. Преведете симболи и букви цртајќи ги


Ако имате проблем да идентификувате одреден симбол од друг јазик и ви е потребна помош, тогаш можете да го нацртате, а „Гугл транслејт“ ви ја нуди токму оваа опција и потоа ќе се обиде да го преведе за вас.

2. Изговарање броеви на англиски јазик


Доколку треба да изговорите некој поголем број на англиски, а не знаете како, едноставно напишете го бројот и додајте = English на крајот.

3. Поставете тајмер

Ако ви е потребен тајмер, а телефонот не ви работи, одете на „Гугл“ и напишете колку долго ви е потребен, со што „Гугл“ ќе започне да одбројува.

4. „Гугл скај“

Ако сте фан на астрологијата, а немате пристап до телескоп, доволно е да одите на „Гугл скај“ и да го истражувате Сончевиот Систем од удобноста на вашиот дом.

5. „Смарти пинс“

Дали некогаш сте посакале да го тестирате вашето географско знаење? Тоа ви го овозможува „Смарти пинс“. Играта ве носи на патување околу „Гугл мапс“ и ве прашува серија пријателски прашања.

6. Калкулатор за бакшиш

Ако сте личност што сака да остава бакшиш, тогаш ова е дефинитивно за вас, со оглед на тоа што одредува еднаква сума што сите треба да ја дадат за бакшиш.

Едноставно напишете „tip calculator“.

7. „Зерг раш“



Оваа мини-игра од вас бара да ги запрете сите „О“ што ви ја јадат страницата, кликнувајќи на нив. Прилично стресна игра!

8. „Атари брејкаут“


Друга зависна мини-игра сокриена во „Гугл“ е „Атари брејкаут“. Она што треба да го направите е да напишете „Atari Breakout“ и да кликнете на сликите, и со тоа играта ќе стане активна.

9. Исчистете ја вашата џимејл-сметка


Ви се смачи постојано да ве бомбардираат веб-страници што не ги читате и повеќе не сакате да бидете претплатени? „Гугл“ има развиено одличен начин преку создавање филтри што подоцна ќе ги испратат несаканите мејлови во различен фолдер.

10. „Гугл артс“

Оваа опција ви овозможува да гледате колекција од околу 600 уметнички галерии и музеи низ светот.

11. Погледнете ги сите стари „Гугл дудлс“


Сите ги сакаат „Гугл дудлс“, па доколку и вие сте дел од нив, тогаш ќе ја обожавате архивата на „Гугл“. Она што треба да го направите е да го кликнете копчето „I'm Feeling Lucky“ без да пишувате ништо во прозорчето за пребарување.

12. „Нграм вјуер“

Ако сакате да научите колку популарни биле одредени зборови низ историјата, можете да ја искористите токму оваа функција.

13. „Барел рол“



Ако барате бесцелна забава, едноставно напишете Do a Barrel Roll.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија