X
 10.02.2017 Култура

Најдобрите места за живеење во Америка

Кога човек одлучува каде да се пресели и каде би му бил животот подобар, тогаш во предвид доаѓаат многу фактори - од клима, политика, образование, па се` до безбедност и работа.

америка

Другите аспекти се достапни домови, пристап до добро платени места, ниски трошоци за живот, и одличен здравствен систем.

Доколку одлучите да се преселите во Америка, тогаш добро би било да го погледнете рангирањето на најдобрите места за живеење во Америка според „U.S. & World Report“.

Извештајот ги категоризираше сите податоци во пет индекси за секој град - пазар на трудот, вредност, квалитет на живот, посакуваност од граѓаните и нето миграција.

Во поените за „вредност“ спаѓа и мешавината од годишниот приход на домаќинствата и трошоците за живот, а во категоријата „квалитет на животот“ спаѓа криминалот, подготвеноста на колеџите, патувања и други фактори.

Во продолжение проследете ги најдобрите градови во Америка - Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура