X
 09.03.2017 Култура

Земјите кои никогаш не биле предводени од жена

Само 22 земји, од повеќе од 190 во светот, моментално се предводени од жени.

teresa

Меѓутоа, позитивно е тоа што Европа избрала далеку повеќе жени изминативе неколку години отколку било кој друг континент. Швајцарија, Норвешка, Малта, Германија, Хрватска, Естонија, Полска и Литванија исто така имаат женски лидери.

Во Јужна Америка, единствено Чиле има жена лидер, во Африка тоа се Либерија и Намибија, и уште неколку земји во Азија.



Низ историјата голем број земји имале женски лидер, вклучувајќи ги Бразил, Канада, Австралија, Индија, Пакистан, Аргентина и Кина. Меѓутоа поголемиот дел од земјите, повеќе од 100, никогаш не избрале ниту пак назначиле жена како лидер. Во овие земји спаѓаат Шпанија, Јапонија, Холандија, Египет, Белгија, Русија, Америка и секако Македонија.

Светскиот економски форум неодамна рангираше 145 земји според половата еднаквост, а резултатите покажаа дека Исланд има најмал полов јаз, а после неа доаѓаат Норвешка и Финска.

Критериумите за рангирање вклучуваа еднаквост во платите, бројот на жени во парламентот и животниот век и на мажите и на жените - со 0.0 поени најниски поени и 1.0 највисоки поени. Нашата земја доби 0.701 поен што значи дека сме некаде на средината.



Ова се најдобрите земји за полова еднаквост

1. Исланд
2. Норвешка
3. Финска
4. Шведска
5. Ирска
6. Руанда
7. Филипини
8. Швајцарија
9. Словенија
10. Нов Зеланд
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура