X
 31.03.2017 Технологија

Ќе се гради најголемата батерија за обновлива енергија

Огромна соларна фарма вредна 1 милијарда долари како и проект за батерија се планирани за изградба во Риверленд регионот во Јужна Австралија. Планирано е проектот да заврши до крајот на годината.

австралија
Фото: Arena

„Lyon Group“, инвеститорот за складирање на батеријата вели дека системот ќе биде најголем од ваков вид во светот, а ќе содржи 3.4 милиони соларни панели и 1.1 милион батерии. Партнерот на „Lyon Group“, Дејвид Грин вели дека системот, финансиран од инвеститори и изграден на приватен имот во Морган, ќе биде значаен поттика за Јужна Австралија.

„Комбинацијата на соларните панели и батеријата значително ќе го зголеми расположливиот капацитет на пазарот на Јужна Австралија“, вели тој.

„Ја гледаме неизбежноста на потребата да имаме големи соларни панели и батерии како дел од било кој потег за декарбонизација“, вели тој.

Премиерот Џеј Ветдерил ја пофали иницијативата со која би овозможила 330mw електрична енергија, и најмалку 100mw склад за чување. „Ваквите проекти, односно проектите за обновливи извори на енергија ја претставуваат иднината“, изјави тој.

Премиерот рече дека компанијата е дел од неколкуте кои изразиле интерес за изградба на 100mw батерија како дел од планот за енергија на владата најавен овој месец, кој ќе биде финансиран од фондот за обновлива енергија вреден 150 милиони долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија