X
 29.12.2015 Технологија

Оружјето кое може да го промени начинот на војување

1

 

Следниот месец, нова сила ќе се „разбуди“ во пустината во Ново Мексико, кадешто американското Министерство за одбрана треба да започне со тестирање на оружје достојно за „Star wars“ - тивок, невидлив ласер кому му се потребни неколку секунди за да направи дупка во целта оддалечена со километри.


„Се` се сведува на тивко оружје кое никој не го гледа и не го слуша“, вели Генерал-полковник Бредли Хитхолд, командант на воздухопловните сили на Командата за специјални операции.

„Мислам дека можеме да го направиме тоа сега. Кога велам сега мислам на завршувањето на деценијата“, додава тој.

Доколку тој е во право, тоа е револуционерен пресврт на настаните по децении скапо истражување.

Ласер - зборот е акроним што значи „засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење“ и  претставува интензивен зрак на светлина кој може да се произведе преку користење на различни материјали.

Ласерите со ниска енергија имаат голем дел во модерниот живот - од скенирање на бар кодови до менување на тв канали. Ласерите со висока енергија се користат за операција на очите ба се` до дупчење на прецизни дупки во дијамантите и челикот, како и оние кои можат да го оштетат видот на луѓето или да предизвикаат други повреди.

Но, додека визиите за ласерите доволно моќни да убиваат луѓе или да рушат авиони од небото или да потонуваат бродови е нешто што можевме да го видиме на научно фантастичните филмови, сега ласерските топови се на прагот да станат реалност.

Во 1990-тите и почетокот на 2000 година, американското Министерство за одбрана потроши милијарди долари во експериментирањето со ласерските оружја кои се потпираат на гасови или течности со цел да генерираат екстремно моќни зраци.

Воздухопловните сили тестирале воздушни хемиски ласери со нивно инсталирање на С-130 карго брод и на 747 патнички авион. Но овие ласери беа многу големи, тешки, скапи и бараа авионот да се врати во базата после само неколку пукања за повторно да ги наполни хемикалиите.

„Системите за ласерско оружје беа демонстрирани неколку пати. Никој од нив не направи чекор напред“, вели Марк Крејмер, менаџер на воздухопловните сили за претстојните тестови во Ново Мексико.

Извештај од 1999 година од Пентагон констатира дека хемиските ласери беа непрактични како оружје, а водечките академци и индустријата требаше да се префрлат на „електрично напумапни“ солидни ласери од два вида: „bulk“ и „fibre“. двата типови генерира зрак со испраќање на електрична енергија во ласерски диоди кои ја конвертираа електричната енергија во моќна светлина.

 

војна


Ласерите „bulk“ користеле плочи и ленти од ретки земјени минерали, додека „fibre“ ласерите ги врзуваа оптичките кабли заедно.

Ласерот кој треба да започне со тестови во Ново Мексико во јануари користи ретки земјени минерали. Тој е развиен од компанијата „General Atomics Aeronautical Systems Inc“ која го произведува револуционерниот MQ-1 предаторски дрон. Неговото прецизно ниво на моќност се класифицир, но Мајкл пери, потпретседателот за ласерски програми, вели дека зракот на експерименталното оружје е во класата на 150 киловати. Ова е 100 пати повеќе од енергијата потребна да се загрее рерна на 350 степени.

„General atomic“ ласерот има пет пати поголема моќ од било кој друг ласер која војската го имала на располагање. Ласерот треба да биде тестиран 18 месеци или повеќе од Агенцијата за проекти за напредно истражување и Воздухопловната лабораторија за истражување. Тестерите ќе пукаат со ласерите во широк спектар на воздушни цели, вклучувајќи ракети, артилерија, минофрлачи и проектили.

Дизајнот на ласерот бил замрзнат во 2011 година, а системот бил премногу голем за да го собере во авионот. Но, „General Atomics“ успеа да развие друга верзија која ја бери. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија