X
 19.04.2017 Култура

Новата социјална мрежа „Мастодон“ го загрозува „Твитер“


Илустрација - лого

Деновиве забрзано расте популарноста на новата социјална мрежа „Мастодон“, а судејќи по сѐ, веќе станува сериозна конкуренција на „Твитер“.

Се работи за бесплатна социјална мрежа со отворен код, што се појави во септември минатата година, а според зборовите на основачот Еуген Роко, едноставниот интерфејс кој речеси е копија на Твитеровиот Твитдек, привлекува сѐ поголем број корисници.

„Мастодон“ има вертикален тајмлајн, статусите на корисниците можат да се ретвитуваат, а постовите се нарекуваат„ тутсеви“.

„Мастодон“ има 500 карактери за пишување, за разлика од „Твитер“ каде на располагање се само 140 карактери. Во статусот корисниците можат да подесат предупредување за чувствителна содржина кое е лоцирано во „show more“ линкот, што дава можност за користење на статусот на повеќе креативни начини.
Она што оваа мрежа ја издвојува од другите е отворениот, некомерцијален и нецентрализиран софтвер на голем број независни сервери.

Мастодон“ има и свои правила за користење кои забрануваат нацизам, расизам, сексизам, ксенофобија и други видови дискриминација, што е директен одговор на главниот проблем на „Твитер“ и кој е причина за губење на голем број корисници.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура