X
 20.04.2017 Технологија

Најскапоценото место во Северна Кореја

Сателитски фотографии откриваат во која насока се движи режимот на Северна Кореја. Забележани се низа тунели и инфраструктура за тестирање во планините на североистокот од земјата.

фото извор: Airbus Defense and Space/38 North/Pleiades CNES/AP

Северна Кореја продолжува со амбицијата да постави нуклеарна боева глава на ракетен систем кој ќе има способност да погоди мети насекаде ширум светот.

До сега земјата реализираше пет нуклеарни тестови, два од нив во измината година и неколку ракетни лансирања. Според забележаното на сателитските фотографии, откриена е активност во регионот наречен „ Punggye-ri“, како што се ископувања на тунели.

Северна Кореја е единствената земја во светот каде продолжуваат со нуклеарни тестирања. Сепак, експертите сметаат дека Корејците се свесни дека сателити го набљудуваат регионот. Според нив, тешко е да се одреди колку се големи тунелите и што всушност се случува под земјата, но дека местата под земја се одлични за изведување на тестови. Ескпертите истакнуваат дека системите за мониторирање можат да ја забележат и најмалата трага доколку се случуваат тестирања. Денешната технологија може да детектира траги од гасови и подземни движења.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија