X
 27.04.2017 Образование

Пригодна свеченост по повод Денот на основањето на УКЛО

1

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола вчера го одбележа Денот на основањето. Во поздравната реч, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека фокусираноста кон компактен, ефикасен и отчетен Универзитет ќе се постигне со градење, одржување и возобновување на линковите со стопанството и институциите преку обучен кадар што ќе кореспондираат со современите трендови.

По повод пригодата, промовирана е Фондацијата Тома Фила формирана од почесниот доктор на науки на УКЛО, Тома Фила, еден од најреспектираните адвокати на овие простори. При промовирањето, генералниот секретар на УКЛО, м-р Офелија Христовска истакна дека Фондацијата е во знак на сеќавање на адвокатот Филота Фила - татко на господинот Тома Фила, со цел стипендирање и подржување на талентирани студенти на втор циклус студии, со остварен просек на прв и втор циклус студии од најмалку 8. Конкурсот и стипедијата ќе се објавуваат и доделуваат еднаш годишно, по повод Денот на основање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. 

2

Во рамки на пригодната свеченост доделени се наградите за најдобрите оратори по одржаниот натпревар УКЛО ТРИВИУМ. Покрај дипломи и парични награди, првонаградениот оратот, студентката Моника Нелческа од Педагошкиот факултет од Ректорот доби и ловоров венец, како симболика за покажаните  говорничките и реторички вештини. Второто место го доби Лина Димовска од Економскиот факултет, а третото место Симона Видановска од Правниот факултет.

Завршните настани посветени на Денот на основањето на УКЛО ќе се заокружат со  промоција на нови доктори на науки, на 26 април и  хепенинг во рамки  на Отворениот ден на УКЛО, што на 12 мај ќе се одржи на плоштадот Магнолија во Битола.

3

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование