X
 05.05.2017 Образование

Објавени се прашањата за екстерно тестирање

Учениците од шесто одделение до трета година средно од денеска имаат шанса да ги видат прашањата предвидени за екстерното тестирање кое ќе се реализира од 5 до 9 јуни. 



Прашањата достапни се на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, 20 проценти од нив се обновени. Учениците од четврто одделение и петто одделение годинава ќе можат да здивнат. Нема да полагаат екстерно.

Новината се применува од годинава откако лани беа направени  измени на законите за основно и средно образование. Оценките добиени од екстерното тестирање на учениците  ќе им бидат впишани во додаток на свидетелство, не како претходно во него и нема да им влијаат на  средниот успех.

Учениците, наставниците, но и родителите доколку имаат забелешки за прашањата ќе можат да ги  внесат, коментарите на интернет страницата од денеска до 15 Мај.   Распоредите за тестирање по денови  ќе бидат објавени на 29 Мај, а по кој предмет ќе полагаат учениците ќе знаат три дена пред тестирањето.  Така на пример оние кои ќе полагаат на 5 Јуни на 2-ри ќе бидат информирани  по кој предмет ќе полагаат. Тестирањето е  електронски по два предмета. Од Државниот испитен центар  велат  дека прелиминарни резултати ќе бидат објавени на 15 Јуни по што следи период  за поднесување на приговори, ќе трае три дена. Конечните резултати ќе бидат објавени на  27 Јуни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование