X
 12.05.2017 Технологија

Индија ќе се вози на струја


Индиска рикша
(Фото: Pixabay)

Соопштени се амбициозните планови на една од најнаселените земји во светот: планот е до 2030 година секој купен автомобил да биде на електричен погон!

Планот го изнесе индискиот министер за енергетика, Пијуш Гојал, кој потенцираше дека главната цел е да се намалат трошоците за увоз на гориво и одржување на возилата.

„Ќе ги воведеме електричните возила на голема врата“, изјавил Гојал пред медиумите во Њу Делхи.

Споредувајќи го овој план со иницијативата за промовирање на ЛЕД сијалиците заради намалувањето на трошоците за електрична енергија, министерот истакнал:

„Ќе создадеме услови за самоодржливост на електричните возила. Планот е до 2030 година да не се продаде ниту едно возило со бензински или дизел мотор.“

На индустријата за електрични возила ќе им бидат потребни две до три години сериозна државна помош, додаде тој, а после тој период продажбата на овие возила би се водела од побарувачката, а не од државните поттикнувања.

„Трошокот за купување на електричен автомобил сам ќе почне да им се исплатува на купувачите. Би сакале да видеме индустрија која сама себе се поттикнува“ – рекол министерот.

Дури 2,3 милиони смртни случаи во Индија на годишно ниво се поврзуваат со загаденоста на воздухот, според истражувањата на еколошката организација Greenpeace. Заради високото ниво опасен смог, Индија губи и три проценти од вкупниот бруто домашен производ (БДП), а во 2015 година ја претекна и Кина во бројот на смртни случаи од загадениот воздух. Според Greenpeace, Њу Делхи е најзагадениот град во Индија.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија