X
 14.05.2017 Образование

Ова се датумите за полагање на државна матура



Датуми за полагање на екстерните испити од државна матура во јунската испитна сесија ќе се реализираат во четири термини:

27.05.2017 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;
10.06.2017 – англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик;
12.06.2017 – математика;
14.06.2017 – естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Од вкупниот број на пријавени кандидати 16426 според податоците на Државен испитен центар половина се од гимназиско образование.

Вкупно пријавени кандидати: 16426

Број на пријавени кандидати по вид на образование:
-гимназиско образование: 8274
-средно стручно образование: 7881
-средно уметничко образование: 271

Од екстерните предмети најголем дел од матурантите 15201 избрале да полагаат англиски јазик, за математика се пријавиле 2070. За руски јазик има само 26 кандидати, 108 за француски и 197 за германски. Предметот бизнис ќе го полагаат 4298 ученици, биологија 3445, историја 2900,а филозофија 3684. Малкумина се пријавиле да полагаат естетика 193, физика 119 и хемија 282.

Матурантуте од 2014 година за државната матура полагаат по три екстерни и еден интерен предмет, претходно тестирани беа по два екстерни и два интерни предмети. Освен мајчиниот јазик кој е задолжителен, другите сами ги избираат. Од понудената листа избираат еден математика или странски јазик, од општествените наставни предмети за учениците од гимназиско и средно стручно образование. Учениците од средно уметничо образование избираат еден од предметите како, странски јазик, естетика и филозофија. Матурантите треба да изработат и проектна задача којашто се оценува интерно. Оние кои нема да полагаат и
Подготвил: В.М.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование