X
 23.05.2017 Образование

17-годишна девојка магистрира пред да заврши средно училиште

По освојување на алгебрата уште во градинка и геометријата во второ одделение, Стефани Муи, 17, се здоби со повеќе дипломи и тоа пред да заврши средно училиште.

стефани муи
Фото извор: George Mason University


Оваа генијална девојка основите ги научила со помош на картички, а додека да стигне до петто одделение била запишана и на калеџ. Стефани има диплома по математика, а оваа недела ѝ била доделена и магистратурата исто така по математика.

„Таа е екстремно паметна, знае што сака и е бестрашна“, вели Џорџ Мејсон, помошник декан на Академијата на науките.

Додека студирала на колеџ, била запишана и во средно училиште каде што треба да матурира во јуни. После тоа планира да се запише на докторски студии, но првин сака да го помине летото со филмови и пливање со пријателите.

За многумина нејзините достигнувања се чудни, но таа вели дека се само дел од нејзиниот живот.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование