X
 02.06.2017 Култура

Книга на Толкин во продажба 100 години откако е напишана

Новата книга од славниот англиски писател Џ.Р.Р Толкин, авторот на „Господар на прстените“ вчера беше пуштена во продажба, 100 години откако е напишана.

kniga

Книгата „Берен и Лутиен“ е опишана како доста лична приказна која професорот ја создал откако се вратил од Битката на Сома во 1916 година.

Делото го уредил неговиот син Кристофер Толкин, а станува збор за љубовна приказна за човекот Берен и вдовицата Лутиен, кои се појавуваат во збирката приказни „Силмарилион“ напишани од самиот Толкин.

Во книгата се наоѓаат илустрации од Алан Ли, англискиот илустратор кој добил Оскар за неговата работа на трилогијата на Питер Џексон.

ilustracija

Критичарите сметаат дека оваа книга веројатно е последната на која работел Кристофер Толкен, чиј татко починал во 1973 година.

„Толкин јасно ставил до знаење дека ова би можел да биде последен пат кога нè води во светот на неговиот татко“, вели писателката Елиза Грахам.

Џ.Р.Р.Толкин бил англиски писател, поет, филолог и професор чии најпознати дела се „Господар на прстените“, „Силмарилион“, додека неговото прво дело „Хобитот“ за првпат е издадена во 1973 година и претставува една од најпродаваните книги во светот.

Епско-фантастичниот роман „Господар на прстените“ се наоѓа на листата на 10-те најпродавани книги, со 150 милиони продадени примероци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура