X
 13.06.2017 Образование

Пат низ Европа за 12 студенти

Во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ и ова лето преку проектот „Патуваме во Европа“  12 студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.



“Да патуваш во Европа може и не е така лесно, но кога ја имаш желбата во себе, тон ентузијазам под рака, ранец (исто така еден тон тежок) и си со насмевка до уши работите изгледаат многу едноставни! Е убаво викаат -внимавај што посакуваш, оти може да ти се исполни!” – Виолета Стојановска (Патуваме во Европа 2009)

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа можат да ги поднесат своите апликации до 25 јуни. Конкурсот е отворен за сите студенти во завршна година на студирање или апсолвенти, кои имаат просечна оценка поголема од 8,0 во текот на студирањето. Приоритет имаат оние студенти кои досега немале можност да патуваат.

Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта за неограничено патување со воз во времетраење од 22 дена, ISIC картичка,  патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни за патувањето, на платежна картичка. Дополнително, за сите студенти кои ќе патуваат, донаторот Robert Bosch Stiftung организира фестивал во Берлин, од 24 до 27 јули, после кој секој студент самостојно ќе го продолжи своето Европско патешествие.



Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 25 јуни, а патувањето ќе започне на 24 јули. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации и детали за проектот се достапни на интернет страната www.patvoevropa.org.mk.

Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија.



„Патуваме во Европа” последните десет години е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование