X
 14.06.2017 Технологија

„Google“ со кампања за едукација на децата за опасностите на Интернет

Од една страна имаме брз пристап до огромен број на информации, остваруваме брза комуникација со пријатели, но, од друга страна, пливаме во море од сомнителни содржини, мистериозни лица и платформи кои користат приватни податоци.


Ова е најголем проблем за најмладите корисници на Интернетот. Иако се обидуваме да ги насочиме децата да бараат информации онлајн, за да го збогатат своето знаење, сепак треба да бидеме исклучително претпазливи во врска со онлајн безбедноста.

„Google“ започнуваат со кампањата „Be Internet Awesome“ која вклучува низа ресурси и соодветна видео игра. Целта е да се промовираат придобивките од глобалното општество – Интернетот, но и да се зголеми свесноста кај корисниците за опасностите кои се одвиваат во сајбер просторот. Со алатките кои се користат в кампањата, децата ќе се едуцираат за проблеми како што се заштита на лозинки, отпорност на лажни вести и воопшто состојбата да се биде онлајн. Децата поминуваат низ неколку активности и квизови.

Се поставува прашањето дали е потребна универзална едукација за оваа тема, а не само повремени кампањи?

Експертите сметаат дека сите корисници на Интернетот, без разлика дали се деца или возрасни лица, треба да ги знаат предизвиците кои се појавуваат во сајбер просторот и начините како да се заштитат. Според нив, развивањето на свесноста и спознавањето на начините за правилно користење на Интернетот е од основно значење. Интернетот не може да се поправи самиот од себе и да ги повлече лажните вести или другите опасности. Потребно е корисниците да се едуцираат и да се ангажираат во решавањето на проблемите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија