X
 19.06.2017 Технологија

Како да го вратите стариот изглед на социјалната мрежа Твитер?

Дел од новите измени на изгледот на социјалната мрежа Твитер се округлата профилна фотографија, триаголните копчиња и иконите кои имаат детски изглед. Други измени се страничното мени за навигација и болдирана типографија.

твитер
Фото: pixabay.com

Според компанијата со ова се поправат работите кои не им се допаѓале на корисниците, а производот е на овој начин полесен и побрз за користење.

Но, ако сте носталгични за стариот изглед, каде што фотографиите се четириаголни, дизајнерот Каи Бруекерс нуди додаток за Chrome, кој е дизајниран да го врати Твитер на својот стар изглед.

Twitter Debubbler го отстранува новиот дизајн, но не се знае колку долго ќе биде во функција.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија