X
 24.06.2017 Забава

Зошто овие момчиња се појавиле со мини здолништа на училиште?

деца
Фото: Swins.com

Триесетина ученици од едно средно училиште во британскиот град Ексетер на училиште се појавиле во мини здолништа, бидејќи не им било дозволено да носат кратки пантолони на жешкото време.

Учениците од академијата „ISCA“ побарале дозвола својата училишна униформа да ја прилагодат и поради топлото време да носат кратки пантолони. Според нивните зборови, идејата за протестот ја добиле од самата директорка на училиштето.

Учениците се надеваат дека со овој протест ќе го натераат училиштето да размисли за својата политика за облекување. Училишните прописи за униформата велат дека момчињата треба да носат пантолони, а девојчињата пантолони или карирани мини здолништа. Кошулата може да се извлече од пантолоните само доколку учениците се наоѓаат во училницата, а истото важи и за краватата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава