X
 01.07.2017 Култура

Како побрзо и поевтино да го посетите Мачу Пикчу?

мачу
Фото: Profimedia

„Дали вредеше?“ - Тоа е прашањето кое најчесто ми го поставуваат откако го посетив Мачу Пикчу, урнатините од градот на Инките од 15 век, на скоро 2.500 метри надморска височина.

Денес овие урнатини имаат над илјада посетители дневно. Но, прашањето е сосема разбирливо: ова патување не е едноставно. Искачувањето на стазите на Инките е доста популарно патување меѓу студентите и планинарите. Без дополнителни трошоци и бакшиш, чини околу 700 долари и се распродава месеци наназад.

Мојот одговор е: апсолутно вреди, под услов добро да се организирате. Во продолжение ќе ви претставам краток преглед за тоа како посетата на Мачу Пикчу да ви биде еднодневен излет.

Пристигнување: Иако Мачу Пикчу е на само неколку километри од Куско, патот до таму веројатно ќе вклучува авион, воз и автобус. Летот е најлесен. Директните летови до Куско се чести. Веројатно ќе пристигнете од Лима. Очекувајте да платите од 90 до 190 долари во еден правец доколку патувате во екот на сезоната (јули и август).

Возовите директно од Куско не одат во текот на врнежливата сезона, од јануари до април. Кога е суво, можете да фатите воз директно од станицата Порој, на само 20-тина минути од Куско.

Што да видите: Моментално постојат четири видови на билети: влез во Мачу Пикчу (46 долари); Влез во Мачу Пикчу после 13 часот (30 долари); влез со пристап до планината Мачу Пикчу (60 долари); и влез со пристап до Хуана Пикчу (60 долари).

Дневно се делат 2.500 влезници: 1.000 за попладневниот влез, 800 за планината Мачу Пикчу и само 400 за Хуана Пикчу. Влезниците со пристап до планината се временски ограничени и имате околу еден час.

Размислете што можете да земете со себе: Иако се наоѓа пониско од Куско, Мачу Пикчу е на прилично голема надморска височина. Земете си вода и одредете си го сами темпото.

И не заборавајте: Земете крема со заштите фактор, капа и многу вода. Испечатете ги сите сметки и влезници однапред, земете си кредитна картичка и носете пасош - ќе ви биде потребен за да влезете.

Автор: Лукас Питерсон
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура