X
 09.06.2017 Култура

Избори во Британија: Пирова победа на Конзервативната партија

mej

Иако резултатите не се целосни, од она што досега е преброено излегува дека вонредните парламентарни избори во Велика Британија биле грешна одлука на премиерката Тереза Меј.

Според неофицијалните резултати, конзервативците ќе имаат 316 од 650 пратенички места. Тоа значи дека ќе го изгубат мнозинството кое го имаа кога премиерката ги распиша вонредните парламентарни избори. Лабуристите, кои моментално се опозиционери во Британија, добија повеќе парламентарни места отколку што имаа претходно.

Премиерката ги свика изборите со цел да ја зацврсти својата позиција во идните преговори за Брегзитот, меѓутоа овие резултати покажуваат нејзин пораз.

Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, побара оставка.

„Пораката којашто излезе од изборите е: Премиерката ги побара изборите бидејќи сакаше мандат. Таа освои мандат, но со загубени пратенички места, загубени гласови, поддршка и доверба. Мислам дека тоа е доволно да се замине и да направи просторот за нова Влада која ќе биде застапник на народот“, изјави Корбин.

Сепак, Меј вели дека нејзината партија ќе гарантира сигурност.

2
Фото: BBC

„На оваа земја ѝ е потребен период на стабилизација. А ние го гарантираме тоа“, изјави таа.

Гунтер Отингер, комесарот на буџет за ЕУ, смета дека со ваква ситуација тешко би било започнување на преговорите за Брегзит, упатувајќи порака до Меј слична на онаа на Корбин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура