X
 03.07.2017 Технологија

Преку „Facebook“ до пронаоѓање „Wi-Fi“

„Facebook“ нуди нова функција која ќе ни помогне во зачувувањето на податоци и лоцирање на отворени „Wi-Fi“ мрежи, без оглед на тоа каде се наоѓаме.

фото извор: Facebook

Функцијата се нарекува „Find Wi-Fi“ и покажува мапа на мрежи од најблискиот регион во кој се наоѓа корисникот, потенцирајќи ги локациите каде што најлесно може да се најде конекција. Функцијата била тестирана за „iOS“ во неколку земји минатата година и добила позитивни оценки, па социјалната мрежа ја нуди на сите корисници ширум светот за „iPhone“ и „Android“. 

Потребно е да му дозволите на „Facebook“ да има пристап до вашата локација за да може да ја користите новата функција. Оваа функција има само една мана – потребно е да имате барем малку Интернет конекција на телефонот, за да можете да имате пристап на „hotspot“ мапата. Тоа е добро ако барате „Wi-Fi“ за да ги зачувате вашите податоци, но ако вашиот мобилен Интернет е слаб, тогаш може да имате проблем.

Сепак од социјалната мрежа велат дека алатката е тестирана и на места каде што имало слаба Интернет конекција и сепак функционирала. Од таму додаваат дека се работи за навистина ефикасна алатка.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија