X
 03.07.2017 Технологија

Тестирани првите автономни возила создадени од Универзитетот Оксфорд

oxobotica
Фото: oxobotica press

„Oxbotica“, подружница на британскиот Универзитет Оксфорд, започна тестирање на автономна достава на храна на подрачјето на Лондон. Во проектот соработувале со „Ocado Technologies“, развојна подружница од истоимениот британски онлајн супермаркет. Моментално тестирањето се спроведува само на подрачје на Кралската околија во Гринвич, а целта на проектот е да се тестираат возилата кои возат сами, а притоа не ја загадуваат околината.

Возилото наречено „CargoPod“ е целосно електрично, така што не ја заградува околината, и не произведува никаков звук. Со самото тоа, возилото е погодно и за некои подрачја во самиот град во кој класичните автомобили немаат пристап. За движење низ Лондон, возилата го користат Селен системот за автономно возење.

Моментално системот го поддржуваат и луѓето бидејќи британскиот закон бара автономното возило да има човек кој во секое време би бил подготвен да ја преземе контролата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија