Според податоците од Канцеларијата за патенти и заштитни знаци (PTO), компанијата IBM (Business Machines Corporation) доби најмногу американски патенти 23-та година по ред во 2015 година.

Компанијата доби 7.355 патенти - од нив околу 2.000 се во области поврзани со когнитивните компјутери и облак платформата на компанијата. Минатата година IBM најави дека ќе ја преуредува целата своја бизнис стратегија околу когнитивните компјутери, кои можат да научат, резонираат и ефикасно да обработуваат различни типови на податоци додека се во интеракција со луѓе на природни и познати начини.
Двата патенти кои се конкретно наведеи во објавувањето за јавноста од IBM се патентот кој ќе им помогне на машините да ги сфатат човечките емоции и патентот кој ќе им помогне на машините да учат од луѓето.
„Раководството за патенти на IBM ја демонстрира нашата посветеност кон истражувањето и развојот кои се неопходни за водење на развојот на бизнисот и општеството“, вели Џини Ромети, претседател и извршен директор на IBM.
Лидерите на IBM веруваат дека когнитивното сметање ќе има големо влијание врз бизнисот и општеството и ќе им помогне на луѓето да ги подобри одлуките во нивниот личен и професионален живот и да ги трансформира индустриите и професиите.
„Постојат голем број различни групи со кои работат кои имаат голем наплив на идеи и кои даваат идеи со кои технологијата ја IBM би се претворила како глава на човекот“, вели Д-р Џејмс Козлоски, истражувач и пронаоѓач од IBM, кој минатата година доби патент за компјутерски систем кој би им помогнал на луѓето со Алцхајмерова болест да ги „пополнат празнините“ во нивната меморија.
Овие предвидувања им овозможија на IBM да добијат неколку патенти со кои би се овозможила компјутерска технологија многу слична на човекот. Помеѓу многуте патенти кои им се доделени се патентот за нов процесор кој го имитира мозокот на човекот и кој компетентно донесува одлуки и се приспособува додека е во средината на обработувањето на информациите. Друг патент им помага на компјутерите кој се надградува на Вотсон системите со кој компјутерите ќе проценат дали информацијата е релевантна и сиурна. Освен тоа, IBM истражувачите пантетираа систем кој ќе им помогне на луѓето подобро да ги разберат и интерпретираат човечките емоции за време на комуникацијата заедно со друг патент кој ја подобрува способноста на компјутерот да учи преку интеракцијата со човекот.
Компјутерите со сопствена интелигенција и не се далеку. На пример, пациентите кои боледуваат од Алцхајмерова болест би имале нешто слично на целосна услуга од вештачката интелигенција доколку имаат програма или робот кој би бил создаден да им помогне во разните фази на Алцхајмеровата болест и би потсетувал имиња или состаноци. Понатаму, тие би имале способност да проценат информации, да ги разберат емоциите и да научат нов јазик и вештини од човекот.
Сепак, Козлоски вели дека ова не е целта на IBM. Иако овие технологии, наречени когнитивни модели, се создадени една од друга, тие исто така функционираат и сами. Тој додава дека IBM не се концентрира на дизајнирање на некој вид на Ex Machina реплика на човечкиот мозок.
„Тоа е една екстремна визија за тоа каде би одела интеракцијата меѓу човекот и компјутерот. Вештачката интелигенција има многу значења. Моделите за спознанието би биле усовршени кога вештачката интелигенција е базирана на мозокот, но ние се`уште не сме стигнати дотаму и можеби нема ни да треба да стигнеме дотаму за да ги видиме придобивките од когнитивните модели“, вели тој.
Поднесувањето документи за патент не мора да значи дека технологијата ќе биде реализирана. „Го поставивме нивото многу високо, дека оваа идеја е остварлива за бизнис. Тогаш доаѓа до одлука кадешто се прави и инвестирањето за истражувањето. Но, откако еднаш ќе го имаме патентот, тој секогаш ни е на располагање“.