X
 05.07.2017 Култура

Среќниците ќе можат одблиску да го гледаат затемнувањето на Сонцето


Помрачување на Сонцето
(Фото: Youtube Screenshot)

Жителите на Северна Америка ќе имаат можност да го набљудуваат целосното затемнување на Сонцето на 21 август, а најсреќните ќе можат да го погледнат овој феномен „одблиску“.

Имено, авиокомпанијата Alaska Airlines ќе организира посебен лет за вљубениците во астрономијата, односно во моментите на затемнувањето тие ќе го надлетуваат Пацификот.

„Не само што први ќе го видите затемнувањето туку ќе имате и најдобар ексклузивен поглед на овој феномен“, вели Сангита Вернер, потпретседателка за маркетинг на оваа компанија.

Полетувањето ќе биде од аеродромот во Портланд, во 7:30 часот по локално време, а можност за летање со овој авион ќе имаат само неколкумина познати астрономи и поканети гости затоа што картите не се во слободна продажба.

Леталото има капацитет за 181 патник, но најверојатно ќе има многу помал број гости за колку што е можно, „поубаво доживување“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура