X
 29.07.2017 Култура

Дијамант помал од цент, а вреди над 10 милиони долари

1

Како директор на британската аукциска куќа „Бонамас“ во Азија, Греам Томпсон е навикнат да гледа убави дијаманти. Сепак, тој само еднаш, пред околу пет години, имал можност да држи в рака црвен дијамант.

„Црвените дијаманти се најретките од сите. Секој што ќе држи в рака ваков дијамант навистина има среќа“, вели тој.

Рударската компанија „Рио Тинто“ изложува камења од рудникот „Аргиле“ од Западна Австралија веќе 33 години - и за тоа време продала околу 20 карати „Фенси црвени“ дијаманти.

Во четвртокот, „Рио Тинто“ го претстави најголемиот „Фенси црвен“ дијамант пред одредена група колекционери, заедно со другите скапоцени камења во својот годишен тендер за розови дијаманти. Познат како „Аргиле Еверглоу“, полираниот дијамант тежи 2,11 карати.

„Каменот е половина од големината на паричка од еден цент, меѓутоа, очекувам да се продаде за повеќе од 10 милиони долари“, изјави Тобијас Корминд, управен директор на „77 Дајмондс.ком“, најголемата европска дијамантска златара.

2

Најголемиот црвен дијамант наречен „Мусаеф Ред“ бил откриен во Бразил во 90-тите и моментално е во сопственост на златарот Мусаеф.

Рудникот „Аргиле“ произведува 90% од ретките светски розови дијаманти, а треба да биде затворен во 2021 година.

На годишниот тендер на „Рио Тинто“ оваа година купувачите ќе имаат избор од 58 дијаманти, кои вкупно тежат 49,39 карати. Тие вклучуваат пет „херојски“ дијаманти избрани поради нивната единствена убавина и поради нивниот придонес во историјата на најважните дијаманти во светот.

Колекцијата ќе биде претставена во Хонг Конг и Пет со понуди за затворање на 11 октомври.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура