X
 05.08.2017 Забава

Математичка игра - учиме да множиме

Се работи за стара добра игра, а преку неа се вежба математика и истовремено се натпреварува кој ќе пополни поголема површина на хартија.

фото извор: zelenaucionica.com

За играта е потребно:

-    Две коцки
-    Хартија со квадратчиња (пожелно од А4 формат)
-    Дрвени боички или фломастери со различни бои

Правила:

-    Учествуваат 2 или 3 играчи.
-    Секој играч избира различна боичка што ќе ја користи во текот на играта.
-    Играчите наизменично фрлаат две коцки и ги користат броевите што ги добиле за да нацртаат правоаголник или квадрат и да ја обојат неговата површина.
-    Играта завршува во оној момент кога на играчите ќе им снема простор за цртање.
-    Победник е тој што нацртал и избоил најголема област.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава