„Facebook Messenger“ има нова сокриена игра, која навистина ќе ве направи зависни.
Во чест на Koпа Америка и Европското фудбалско првенство 2016, „Facebook“ ја воведе оваа мини игра со фудбал. Играта е едноставна: обидете се да ја држите топката во воздух колку што е можно подолго. Кога нема да успеете, бодовите се ресетираат.
![2](/images/news/2016/06/20160616-kako-da-ja-igrate-novata-sokriena-igra-na-messenger-1.jpg)
Претходно „Facebook“ додаде игра со кошарка претходно оваа година, а играта се покажа толку популарна што е играна преку милијарда пати, па затоа тимот повторно одлучи да ја испроба истата формула.
Играта можете да ја пробате и самите - потребно е само да ја имате најновата верзија на „Messenger“. Доколку сакате да играте кошарка, тогаш потребно е да додадете емот икона со топка од кошарка и да кликнете на топката.