X
 12.08.2017 Технологија

Подгответе се! Полетуваме!

интернет

Научниците од Инженерскиот факултет при универзитетот „Браун“ во Провиденс докажаа дека е возможно да се пренесе голема количина на податоци преку технологија со високофреквентна радијација.

Истражувачите испратиле видеосигнали користејќи терахерци со брзина од 50 гигабајти во секунда.

Колку за споредба, максималната брзина на пренесување податоци која ја достигнува денешната безжична мрежа е 500 мегабајти во секунда.

Денешните мрежи се засновани на микробранови, но потребите на корисникот го надминаа нивниот капацитет, па научниците почнаа да бараат нова технологија.

Терахерц-брановите имаат значително повеќе фреквенција од микробрановите, што значи дека можат да пренесат многу поголема количина на податоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија