X
 30.05.2018 Технологија

„Вацап“ подготвува низа новости - еве што доаѓа

На „Вацап“ за „ајфон“ наскоро пристигнува опција за групни повици, додека „Андроид“ ќе добие опција со која со еден потег ќе може да се означат сите нови пораки како прочитани или, пак, ќе можат да се архивираат разговорите.

Овие новости пристигнуваат откако „Вацап“ за „Андроид“ ја воведе опцијата „Медиа визибилити“ што на корисниците им овозможува да ја скријат или покажат својата медиумска содржина во галерија. Исто така, активирана е кратенка за нови контакти што овозможува полесно додавање на имињата во апликацијата.

whatsup
Фото: Profimedia


Групните повици ќе функционираат како и досегашните индивидуални - копчињата за звучниците, видеоповикот и режимот за тишина ќе се наоѓаат под профилната слика кај сите учесници на разговорот. Бројот на луѓе што може да учествуваат во разговорот засега не е откриен.

За активирање на сите опции, откако ќе се усвојат, ќе ви биде потребна најновата верзија од апликацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија