Фото: Reuters
Силен земјотрес со магнитуда 7,1 го погоди Мексико вчера, на 32 годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1985 година.
Илјадници луѓе излегоа во паника на улиците, а милиони останале без стурја кога земјотресот удрил некаде околу пладне.
Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на настрадани може да се искаче на над 1,000, а се предвидува дека економската штета може да изнесува помеѓу 1 и 10 милијарди долари.
Градоначалникот Мигел Ангел Мансера изјави дека 44 згради се доста оштетени или уништени. Имало неколку места каде избиле пожари поради ослободување на плин. Без струја останале 3,8 милиони луѓе.
Земјотрес со магнитуда 7 или повеќе се смета за доста голем што може да предизвика голема штета.