X
 21.09.2017 Технологија

Отсега „Гугл Ерт“ ви нуди можност да ѕирнете во туѓите домови

дом
Фото: Thinkstock

„Гугл Ерт“ ја лансира опцијата „Ова е домот“, со чија помош можете да ѕирнете во домовите на луѓето.

Пред да започнете да барате нечија куќа, треба да знаете дека не можете да влезете во сечија. Всушност, можете да ѕирнете во 30-ина куќи кои би требало да ви овозможат да видите како живеат луѓето во различни земји.

Засега можете да ги видите домовите на две африкански семејства, можете да погледнете како изгледа дом во Гренланд, Грција, Непал и Индија, а ќе дознаете и нешто за луѓето што живеат во овие домови.

Опцијата можете да ја пронајдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија